Најлошото од економска криза е пред нас: Медведев најавува дека гасот ќе чини 2 илјади евра за илјада кубни метри
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предвидува дека гасот во Европа ќе чини 2.000 евра поради суспензијата на „Северен тек 2“.
„Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се прекине сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас!“, напиша Медведев на Твитер.
Германскиот канцелар претходно изјави дека побарал од Сојузното министерство за економија да го повлече извештајот за енергетската безбедност од Федералната мрежна агенција. Ова е неопходен правен чекор врз основа на кој не може да се изврши сертификација на гасоводот. Без оваа потврда, Северен тек 2 не може да се стартува.

Податоците од Агенцијата на Европската унија за соработка на регулаторите за енергетика покажуваат кои земји снабдувањето со енергија би било најзагрозени во случај на затворање на вентилите за рускиот гас.
Меѓу главните европски економии, Германија увезува околу половина од својот гас од Русија, додека Франција добива само четвртина од снабдувањето од земјата, според најновите достапни податоци. Најголем извор на француски гас е Норвешка со 35 проценти. Италија, исто така, ќе биде меѓу најпогодените со 46 отсто зависност од рускиот гас.
Обединетото кралство во поинаква позиција, црпејќи половина од снабдувањето со гас од домашни извори и увезувајќи претежно од Норвешка, а исто така и од Катар. Шпанија исто така не е на листата на главни клиенти на Русија, а најголеми трговски партнери на земјата се Алжир и САД.
Некои помали европски земји се потпираат исклучиво на руски гас, имено Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија. Зависноста, исто така, е над 90 отсто од снабдувањето со гас во Финска и Латвија и 89 отсто во Србија, според најновите достапни податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…