Најмалку осум лица загинаа, 11 се повредени во страшна сообраќајна несреќа во Турција!
Најмалку осум лица загинаа, а 11 други се повредени во тешка сообраќајна несреќа во југоисточна Турција. Судирот се случил меѓу патничко комбе и камион во областа Газиантеп.
Инцидентот се случил на 6 мај. Според локалните медиуми, минибусот се движел кон блискиот град Хатај кога се судрил со камион со бетон. Комбето било згмечено при удар и паднало по падина.
Случајните минувачи ги виделе деловите од комбето расфрлани во околината и алармирале. На местото на настанот се испратени бројни екипи за итни случаи, објави турското издание „Хуриет дејли њуз“.
Првичните проценки на безбедносните и медицинските екипи укажуваа дека сите осум лица кои ги загубија животите во несреќата се патници во комбето. Уште 11 лица се пренесени во болница со повреди, соопштија турските власти.
Иако се уште не е утврдена причината за фаталната несреќа, првичните проверки на лице место укажуваат дека камионот изгубил контрола поради голема брзина.
По укажаната помош, возачот на камионот ќе биде приведен, истакна гувернерот на округот Газиантеп, Кемал Чебер.

Министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мехмет Јожасеки преку објава на социјалните мрежи изрази сочувство за загинатите во несреќата, јавува и БТВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција: Длабоко сме загрижени, може да има…
Турција предупреди дека нападот на САД врз…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…
Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…
Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…
Голем пожар избувна во живинарска фарма во…
Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…
Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…