Најмалку осум цивили загинаа во експлозиите во Киев
Осум цивили загинаа, а 24 се ранети во ракетните напади врз Киев утринава, изјави помошникот на украинскиот министер за внатрешни работи Ростослав Смирнов.
Шест автомобили се запалија по нападот, а повеќе од 15 возила беа оштетени, објави Смирнов на Фејсбук.
Тој додаде дека 30 припадници на службата за итни случаи и шест единици за брз одговор се на местото на настанот во киевскиот кварт Шевченкивски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека проектилите погодиле „критична инфраструктура” во градот.
„Главниот град е нападнат од руски терористи”, напиша Кличко на Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Русија ќе ги искористи сите расположливи…
Русија ќе ги искористи сите расположливи средства…
Се огласи Бајден по дозволата на Киев…
Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше за прв…
Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи
Единиците за противвоздушна одбрана одбија нов руски…
Фон дер Лајен пристигна во Киев
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…