Објавено на:

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија

t

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се ранети во напад на руските сили на повеќе од 40 градови во Донбас, тврди украинската армија.

„Окупаторите гранатираа повеќе од 40 градови во регионите Доњецк и Луганск и уништија или оштетија 47 цивилни згради, вклучувајќи 38 куќи и едно училиште. Пет цивили загинаа во гранатирањето, а 12 се ранети“, соопштија украинските вооружени сили на „Фејсбук“.

Во соопштението на армијата се наведува дека биле одбиени десет напади на руската армија, а уништени се четири тенкови и четири дронови. Исто така, се тврди дека загинале 62 непријателски војници.

Во објавата не се прецизира кога се случиле нападите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…