Најмалку седум мртви во пожар во Пензионерски дом во Тузла
Во пожарот што вечерва зафати еден кат од Пензионерскиот дом во Тузла, има загинати, пренесуваат босанските медиуми.
Од оваа институција не можеа да прецизираат колку лица загинаа, поради тековната вонредна состојба.
Според неофицијални информации, загинаа 7 лица.
Според полициската управа на Министерството за внатрешни работи на ТК, пожарот е локализиран во 22 часот.
Претходно, од Универзитетската болница во Тузла беше кажано дека пет пациенти се хоспитализирани во две клиники поради труење со јаглерод моноксид, од кои двајца се на одделението за интензивна нега.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку седум мртви во пожар во Пензионерски…
Во пожарот што вечерва зафати еден кат…
Двајца турски државјани уапсени на скопскиот аеродром…
Денеска околу 10 часот на скопскиот аеродром,…
Ферус Мустафов постхумно ќе го добие признанието…
На првата седница на новиот Совет на…
Дијана Хрка: Ме следи тајната служба!
Во Белград, трета вечер по ред, се…
Путин: Русија започна со сериско производство на…
Русија започна со сериско производство на ракетниот…