Најмалку 10 жртви во превртување на автобус во Мексико
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени кога автобус на компанијата „Конексион“ (Conexión) се превртел и слетал во бездна во Мексико на Бадник, соопштија синоќа локалните власти.
Несреќата се случила на 24 декември во попладневните часови по локално време во северниот дел на мексиканската сојузна држава Веракруз, наведува мексиканскиот портал „Миленио“.
Според првичните извештаи, возачот изгубил контрола врз автобусот, по што возилото се урнала во бездна длабока околу 200 метри и завршило превртено покрај река.
Секретаријатот за цивилна заштита соопшти дека државните служби ја координираат акцијата за спасување, а повредените се пренесени во блиските болници. Надлежните органи ја продолжуваат истрагата за причините за несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 10 жртви во превртување на автобус…
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици…
Седуммина загинати при пад на мал авион…
Најмалку седум лица загинаа при пад на…
Бројот на палестински жртви од почетокот на…
Министерството за здравство во Газа денеска објави…
Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг…
Бројот на загинати во пожарот што избувна…
Најмалку 36 загинати и 279 исчезнати во…
Речиси 300 луѓе се водат како исчезнати…