Најмалку 11 лица загинаа при превртување на чамец со мигранти близу западниот брег на Порторико
Најмалку 11 лица загинаа при превртување на чамец со мигранти, северно од ненаселениот остров Десечео, близу западниот брег на Порторико.– Досега, спасени се 31 лице, соопштија локалните власти.
Не се знае колку луѓе биле во чамецот, а меѓу спасените се 20 машки и 11 женски лица. Хеликоптер на американската царина и гранична полиција забележал превртен чамец и набргу почнала акцијата за спасување.
Најмалку осум Хаиќани се во болница, не се знае националноста на останатите лица во чамецот.
Во регионот, мигранти од Хаити и од Доминиканската Република бегаат од насилството и сиромаштијата во своите држави.
Американската крајбрежна стража и доминиканската морнарица во саботата спасија 68 мигранти во преминот Мона, подрачје меѓу Порторико и Доминиканската Република.
– Овие патувања се навистна опасни. Бродовите се небезбедни, преоптоварени и немаат опрема за спасување, истакна Кастродад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Арапското Море киднапиран уште еден товарен…
Инцидентот бил пријавен во четвртокот во близина…
Јеменските Хути запленија брод поврзан со Израел
Тел Авив тврди дека рацијата на товарниот…
Крстаречки брод со 206 патници заринка кај…
Крстаречки брод со 206 патници и членови…
Првиот брод исплови од Мариупол
Откако руските сили го окупираа Мариупол по…
Најмалку 11 лица загинаа при превртување на…
Најмалку 11 лица загинаа при превртување на…