Најмалку 17 повредени во судир на два воза во Италија

t

Најмалку 17 лица се повредени во судир на два воза на италијанската пруга Болоња-Римини во областа Фаенца.

Според првичните информации нема потешко повредени. Сообраќајот во таа делница е запрен, а се судриле регионален воз и Freccia Rossa, пишува италијанскиот Corriere di Bologna.

Сообраќајната несреќа се случила вечерва во 20:20 часот, а возовите се судриле со мала брзина. Засега не е позната причината за судирот, а на местото на несреќата интервенирале возила на итната помош и пожарникари.

Според фотографиите од местото на настанот, возовите не излетале од шините, оштетени им се предните делови.

„За среќа, повредените беа добро и никој не претрпе сериозни последици. Ударот беше релативно слаб“, коментира градоначалникот на Фаенца, Масимо Исола.

Едно лице е пренесено во болница, додека на останатите 16 им била укажана лекарска помош на местото на настанот. Машиновозачите не се повредени.

Во тек е истрага, по што треба да се знаат повеќе детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром удри на плажа во Италија, најмалку…

Најмалку три лица се повредени денеска, од…

Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…

Како што најавуваат градските власти на Венеција,…

(Видео) Шпанија подобра во дербито со Италија,…

Репрезентацијата на Шпанија минимално ја совлада селекцијата…