Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура на Монт Еверест
Најмалку 350 туристи кои останале заглавени по снежна бура на тибетската страна на Монт Еверест се спасени, јавија кинеските државни медиуми.
Спасувачките тимови безбедно ја префрлиле групата во најблиското населено место, Чуданг, пренесе ДПА.
Претходно беше објавено дека речиси 1.000 луѓе биле заглавени на околу 4.900 метри надморска височина, на источната страна на планината.
Нивните шатори биле делумно оштетени од бурата, а пристапните патишта се блокирани од длабок снег.
Сè уште не е познато колку луѓе остануваат заглавени на Монт Еверест.
Платформата „Џиму Синвен“ јави дека има жртви на местото на настанот, но засега нема потврдени информации за можни смртни случаи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 350 туристи спасени по снежна бура…
Најмалку 350 туристи кои останале заглавени по…
Италија разби меѓународна мрежа за трговија со…
Италијанските власти завршија голема операција за пронаоѓање…
Трамп воведува царини на италијанските тестенини
Администрацијата на Доналд Трамп во Соединетите Американски…
Прекини на снабдување со електрична енергија кај…
Од ЈП Водовод и канализација се огласија…
Филипче: Мицкоски сака да биде и премиер…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската…