Најмалку 500 луѓе загинаа во земјотрес во Авганистан
Најмалку 500 луѓе загинаа во Авганистан откако земјотрес со јачина од 6,0 степени ја погоди земјата, објавија авганистанските државни медиуми.
Најмалку 1.000 луѓе се повредени, според портпаролот на авганистанското министерство за здравство, Шарафат Заман.
Ќе биде потребно време за да се добие точна пресметка за бројот на жртви и обемот на штетата врз инфраструктурата, со оглед на тоа што земјотресот се случил во планински регион. Епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан синоќа во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, бил на длабочина од 10 километри.
Областа е подложна на чести земјотреси, објави Ројтерс, додавајќи дека само минатата година, повеќе од илјада луѓе ги загубиле животите во серија земјотреси таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 500 луѓе загинаа во земјотрес во…
Најмалку 500 луѓе загинаа во Авганистан откако…
(Видео) Жена се спасува криејќи се под…
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени…
Повеќе од 10 силни земјотреси ја погодија…
Повеќе од 10 земјотреси со интензитет помеѓу…
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според…
Земјотрес во Мраморното море, во близина на…
Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според…