Најмалку 91 Палестинец загинаа во израелските напади врз Газа
Израелската армија вчера ги продолжи нападите врз Газа, при што загинаа најмалку 91 Палестинец, вклучувајќи цивили кои бегаат од градот Газа, според здравствените власти во Газа.
Како што е наведено, најмалку 76 од загинатите се од градот Газа, врз кој Израел спроведува засилена воздушна и копнена офанзива, принудувајќи ги жителите да се преселат во областите на југ, каде што ќе бидат концентрирани, објави Ал Џезира утрово.
Според извештајот, израелските сили бомбардирале станбени згради, училишта претворени во засолништа, шатори каде што живеат раселени лица, како и камион што превезувал луѓе кои се обидувале да избегаат од градот Газа по наредба на армијата.
Хамас соопшти дека израелските сили убиле околу 1.700 здравствени работници и заробиле околу 400 од нив откако ја започнале војната во Газа во октомври 2023 година.
Офанзивата продолжува додека 10 земји, вклучувајќи ги Австралија, Белгија, Велика Британија и Канада, треба формално да ја признаат независната палестинска држава во понеделник пред годишната сесија на Генералното собрание на ОН, објави Ројтерс.
Високите згради се цел на засилената воена кампања на Израел во Газа, која започна оваа недела, додека паралелно се спроведува копнен напад.
Израелската армија, која ги контролира источните предградија на градот, ги напаѓа областите Шеик Радван и Тел Ал Хава, со цел да добие позиции од кои може да се движи кон централните и западните делови на Газа.
Поголемиот дел од жителите на тој град се засолниле во тие делови.
Армијата проценува дека во изминатите две недели уништила до 20 проценти од високите блокови згради во Газа и дека над 500.000 луѓе го напуштиле градот од почетокот на септември.
Движењето Хамас, кое ја контролира Газа, ја оспорува бројката, велејќи дека само 300.000 луѓе го напуштиле градот, а околу 900.000 останале, вклучувајќи ги и израелските заложници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 91 Палестинец загинаа во израелските напади…
Израелската армија вчера ги продолжи нападите врз…
Нови израелски напади врз Газа – најмалку…
Најмалку 44 Палестинци се убиени во нова…
Трамп не е задоволен од Нетанјаху, но…
Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…
Израелски тенкови влегоа во станбените квартови на…
Израел вели дека целта на неговата офанзива…
Најмалку 13 Палестинци убиени во напад во…
Најмалку 13 Палестинци се убиени во сомнителен…