Најмасовни досега пропалестински демонстрации во Лондон
Лондон е домаќин на најголемиот протестен марш досега за поддршка на Палестинците во Појасот Газа, на кој учествуваат околу 300 илјади луѓе.Група екстремни десничари, кои претходно се собраа на контрамитинг, се судрија со полицијата за време на државната церемонија по повод Денот на сеќавањето на загинатите борци и ветерани од Првата светска војна.
На денот кога низ Европа се одбележува Денот на примирјето од Првата светска војна, во Лондон се одржуваат пропалестински протести, но во исто време има и собири на екстремно десничарски групи.
Стотици илјади демонстранти започнаа пропалестински протестен марш во центарот на британската престолнина.
Демонстрантите носат факели во боите на палестинското знаме и извикуваат „Стоп за бомбардирањето на Газа“.
Денешните демонстрации, кои се одржуваат секоја сабота од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, се најголемите досега.
Претходно полициските сили се судрија со десничарските контрадемонстранти во Вајтхол. Контрадемонстрантите фрлаа шишиња и пиротехнички средства врз полицајците во Кинескиот кварт. Еден маж е уапсен поради сомнение дека поседувал нож, а друг поради сомнение дека поседувал палка.
Полицајците засега приведоа 92 контра-демонстранти, од кои поголема група е приведена на улицата Бриџ, веднаш до Вестминстерскиот мост. Полицајците велат дека следат „разни групи“ кои се движат од Вајтхол во други делови на централен Лондон.
Меѓу контрадемонстрантите има и екстремно десничарски групи – групи мажи кои го следат основачот на Англиската одбранбена лига Стивен Јаксли Ленон, познат како Томи Робинсон. Тој е познат активист на екстремната десница.
Лондонската полиција соопшти дека нивните полицајци биле соочени со насилство од контрадемонстранти, кои фрлале шишиња и други предмети.
На платформата Х, полицијата објави видео на кое се гледа како контрадемонстрантите туркаат полицајци и скандираат: „Не си Англичанец, не си Англичанец, не си повеќе Англичанец“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Кибер напад врз пет болници во Лондон,…
Неколку болници во Лондон беа погодени од…
Словенија го одлага признавањето на Палестина
Словенечкиот парламент денеска треба да расправа за…
Бомба од словенечкиот премиер: Словенија ќе ја…
Словенечката влада во четвртокот ја одобри одлуката…