Најмладата мајка во светот имала само 5 години кога родила син, 8 децении ја крие тајната

t

Лина Медина која е родена во 1933 година во селото Тикрапо на Андите, во сиромашно земјоделско семејство, е најмладата мајка во светот во историјата на човештвото. И нејзиниот случај и денес се изучува во сите медицински факултети. Имено, на почетокот нејзиниот живот никако не се разликувал од животот на илјадници нејзини врсници кои во тоа време пораснале во руралните средини на Перу.

Меѓутоа, кога Медина имала пет години, сè се променило. Нејзината мајка забележала дека стомакот на девојчето пораснал невообичаено, а и нејзината ќерка се пожалила на болки во стомакот.

Загрижените родители ја однеле Лина во блиската болница за да ја прегледаат лекарите. Докторите на почетокот биле убедени дека девојчето има тумор, но по направените тестови поставиле многу поневеројатна дијагноза – Лина Медина, некако, била во седмиот месец од бременоста.

Само еден месец подоцна, на 14 мај 1939 година, девојчето родило момче со царски рез. Таа имала 5 години и 7 месеци, а нејзината карлица била премала за да може да се размислува за кој било друг вид на породување освен царски рез.

Синот на Медина бил совршено здраво бебе тешко 2,7 килограми. Девојката му го дала името Херардо, во чест на Херардо Лозадо, посветениот лекар кој бил покрај неа за време на тоа неверојатно искуство.

За време на царскиот рез, лекарот открил дека Лина има целосно развиени и зрели полови органи. Девојчето боледувало од ретка болест на предвремен пубертет, но времето во кое таа почна да се развива остана без преседан во светот до денес.

Медина ја добила првата менструација кога имала само три години. Таткото на девојчето бил обвинет за сексуална злоупотреба и инцест и бил уапсен. Сепак, не биле откриени никакви докази и тој набрзо бил ослободен.

До денес не се разјаснети околностите кои довеле до бременост на Лина Медина, а непознато е и името на таткото. Девојката никогаш не сакала да зборува за тоа. Во 2002 година, акушерот Хозе Сандовал објави книга за случајот на Лина Медина во која изјави дека, психолошки, таа е сосема нормално дете.

Всушност, Медина повеќе сакала да си игра со кукли отколку со нејзиниот син. Херардо Лина пораснал верувајќи дека Медина е негова сестра. Кога имал 10 години ја открил вистината. Освен необичните околности на неговото раѓање, тој бил сосема нормален и здрав човек. Водел обичен живот и починал во 1979 година кога имал 40 години поради болест на коскената срцевина.

Медина подоцна се омажила за Раул Хурадо и во 1972 година добила уште еден син. Таа има 89 години и сè уште живее со својот сопруг во сиромашна област во Перу наречена „Мало Чикаго“. Ги одбива сите интервјуа и не сака да ја раскажува својата необична животна приказна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…

Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…

Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на…

*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да…

Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека…