Најмногу дожд наврна во Гевгелија, Во Виница силен ветер до 40 километри на час
ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕСТАБИЛНОСТ ОД УХМР
Во изминатите 12 часа најмногу дожд навирна во:
Гевгелија – 8 л/м2,
Попова Шапка – 4 л/м2,
Пожар – 5 л/м2,
Прилеп, Тетово – 1 л/м2.
Во попладневните часови нестабилноста се пренесуваше претежно преку планински региони и тоа од западните делови на земјата кон југ и југоисток. На подрачјето на средно Повардарие се формираа неколку поинтензивни облачни јадра кои преминаа и преку неготинскиот регион, но зафатија и делови од демиркапискиот и кавадаречкиот дел.
Јадрата достигнуваа височина до најмногу 8 км, а делот со врнежи се наоѓаше на височина од 2 или 3 до 5 или 6 километри.
Преку самиот град Неготино се преместија две посилни облачни јадра и таму количествата на врнежи вкупно биле поголеми, а врнежите биле проследени со грмежи и засилен ветер.
Во овој период од облачните јадра се формираше облачна маса од која продолжија врнежи од послаб интензитет.
Во попладневните часови од оваа нестабилност врнежи од дожд проследени со засилен ветер имаше и во скопскиот регион.
Време во 20:30 часот
Во поголемиот дел од земјата облачноста се намали. Повеќе облачност вечерва има на југоисток, а дожд е забележан во 20 часот во Демир Капија.
Вечерва поинтензивен ветер има на североситокот во Виница каде што повремено има удари од над 40 км/час.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невремето прави хаос – падна дрво пред…
Големото невреме и град кои вечерва го…
Метео: Пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и…
Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк
Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…
400 населени места во Украина останаа без…
Речиси 400 места останаа без струја во…
Времето денес променливо облачно со услови за…
Променливо облачно, претпладне со услови за локален…