“Најмногу не сакаат”: Од земјите од регионот Македонија доби најголема воена помош од САД
Стејт департментот соопшти повеќе од две милијарди долари воена поддршка се одвоени за помош на 17 земји погодени од ситуацијата во Украина, вклучително и земјите од источниот дел и другите регионални партнери и сојузници кои обезбедија воена помош за Украина за време на нејзиниот тековен конфликт со Русија.
Меѓу државите кои добија помош е и Македонија, ние добивме 78 милиони американски долари за модернизирање на Армијата.
Портпаролот на Стејт департментот рече дека “средствата ќе ги поддржат можностите за земјите кои веќе и донирале на Украина да ги надополнат своите резерви“.
Од земјите во регионот, Македонија доби најголема поддршка во вкупен износ од 78 милиони долари. Неодамна црногорскиот министер за одбрана објави дека неговата држава добила 23 милиони долари воена поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…