Најнова анкета: рејтингот на Бајден падна на 38% кај независните гласачи
Најновата анкета покажува дека Бајден има сериозен проблем кај независните гласачи.
Медиумите во САД сакаат да се фокусираат на лево и десно ориентираните гласачи, но најчесто независните гласачи го одредуваат победникот на изборите и тие не се многу задоволни од Бајден.
Рејтингот на Џо Бајден според анкетата на Економист која беше објавена претходната недела покажа дека 38% од Американците гледаат позитивно на неговото работење, додека 55% од анкетираните не ја одобруваат неговата работа. Само 6% од анкетираните не беа одлучни околу преформансите на Бајден во Белата Куќа.
Ако се погледне подлабоко во демографската структура на анкетата 79% од демократите се задоволни од Бајден, додека пак 92% од републиканците не се задоволни. Кај независните гласачи процентот на незадоволни од работата на Бајден е 69%. Точно половина од независните гласачи воопшто не се задоволни од перформансите на Бајден, додека пак 19% делумно не се задоволни и само 31% ја одобруваат неговата работа. Со други зборови Бајден има само 38% позитивен рејтинг.
Демократите се обидуваат да го игнорираат лошиот рејтинг на Бајден, но најверојатно се свесни за овој проблем во пресрет на изборите наредната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Анкета) Довербата во судството останува 2%, најголема…
Најголема доверба македонските граѓани имаат во верските…
(Анкета) Никој не се секира за европските…
Најважен проблем за граѓаните на Република Македонија…
„Расмусен Репортс“: Мнозинство од Американците сметаат дека…
Околу 59 отсто од гласачите во САД…
Анкета: Довербата во Путин порасна на 80%
Нивото на доверба меѓу Русите во рускиот…
За македонските граѓани Србија ни е најголем…
Повеќе од една третина од граѓаните на…