Најнова вест: Во Косово се запали автомобилот во кој се превезувал началникот на ГШ на АРМ, Ѓурчиновски!
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имаше помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал, информираат од ГШ на АРМ.
Како што се наведува во соопштението, во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избил оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.
-Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Македонија, информираат од Генералштабот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдено возило на АРМ кое било оставено…
Украдено возило во сопственост на Армијата кое…
ЕУ додели дополнителни 15 милиони евра помош…
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…
ДУИ го повика НАТО да интервенира за…
Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции…
ВЛЕН се пофали дека за прв пат…
„Нонграта од ДУИ почна да спие подлабоко,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите…