НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен висок функционер на ДУИ во хотел на Бит Пазар
Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија, Мухамед Љамалари падна во рацете на полицијата.
Љамалари денеска околу 13 часот бил уапсен во хотел на Бит Пазар.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, велат од МВР.
Кривичните дела кои му се ставаат на товар се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари тогаш во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал криминалната група.
-Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да изврпат негово противправно рушење и уништување, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАЈНОВА ВЕСТ: Уапсен висок функционер на ДУИ…
Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел…
Пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја главна точка на средбата на…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Белград оствари…
САД ja отфрлија одлуката на МКС за…
САД ја отфрлија пресудата на Меѓународниот кривичен…
Силен ветер искорна покриви и дрвја во…
Силен ветер попладнево предизвика проблеми во Битола…
41-годишен маж од Гостивар пукал кон куче
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…