Објавено на:

„Најпосле се оттргнавме од тоа куче. Го убија!“ – Еве како Бугарите ликуваат на смртта на Гоце Делчев

t

На Фејсбук се појави исечок од бугарски весник, во кој бугарски новинар ја слави смртта на Гоце Делчев, велејќи дека Бугарија се спасила од “кучето”.

-Новинарот Благој – Блаже Видов од Кавадарци, деец на ВМРО по 1СВ, во 1936 година имал еден разговор со стар македонски деец, како што го нарекува. Тој пак, му се претставил како внук на „врховистот Ѕивгов“, кој му бил вујко. Ова е значајно сведоштво за тоа како врховистите Бугари, бугарофили и велико-бугаристи се радувале по смртта на Гоце Делчев.

Неименуваниот Македонец ги набројува членовите на ВМК кои во 1903 г. ce радувале и ликувале по смртта на Гоце. Се спомнуваат имињата на познати врховисти – Иван Цончев, Анастас Јанков, Александар Протогеров и Софрониј Стојанов. Некој од нив рекол:

– „Најпосле се оттргнавме од тоа куче. Го убија!“

Тие, вели револуционерот, никако не работеле за Македонија. Тој смета дека Македонците не треба да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, туку да тргнат по „патот подвлечен од Гоце“ и да бидат единствени.

Новинарот на крај вели дека со соговорникот нема разлики во разбирањето околу ослободувањето на Македонија.

Блаже Видов, инаку, првин бил приврзаник на бугарскиот „тројански коњ“ во ВМРО, Иван – Ванчо Михајлов… Но, потоа, исто како и многумина – се разочарал, и долго бил истакнат анти-ванчомихајловист.

ИЗВОР: Весник „Македонски вести”, 5 мај 1936.

ЗАБЕЛЕШКА: Весникот е издаван во Софија, Бугарија, на тамошниот официјален пишан јазик. Македонскиот новинар работел таму, па друг јазик официјално не бил дозволен. – стои во Фејсбук статусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…