Најскапата екскурзија во светот: Пратениците потрошиле 19.5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ за да се прошетаат до Скопје

t

Собрание на Република Македонија – најскапиот циркуз на светот! 320.000 ЕВРА за патни трошоци на сите пратеници, рекордер е пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Јадранка Поцкова годинава е рекордер во земени средства за патни трошоци.

Согласно податоците кои ги добивме од Собранието на Република Македонија по барање за пристап до инфoрмации од јавен карактер, Поцкова за една година (2023) земала 676.414 денари или речиси 13 илјади евра. Поцкова во Собранието поминала 88 дена, што значи дека во просек земала 7.866,5 денари или по околу 125 евра за секој ден присуство во Собранието.

А колку струмичани па и останатите граѓани имале „фајде“ од неа, можете да видите во продолжение.

Поцкова имала 25 излагања на пленарна седница, а поднела еден закон, веројатно заедно со целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нѐ чинело 125 евра за секој нејзин ден присуство во Собранието. Поцкова не пријавила никаков имот во анкетниот лист доставен до ДКСК.

Во првите десет рекордери, меѓу кои Поцкова е апсолутен рекордер, се по пет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Веднаш после Поцкова на листата е нејзината колешка од СДСМ, Љубица Спасова со 613.983 денари, Миле Талевски (СДСМ) со 602.929 денари, Марија Кочовска (СДСМ) со 556.901 денари, Ангелинка Петкова (ВМРО-ДПМНЕ) со 542.498 денари, Дајанчо Ефтимов (ВМРО-ДПМНЕ) со 527.140 денари, Драгица Ѓавочанова (СДСМ) со 521.414 денари, Панчо Минов (СДСМ) 511.069 денари, Зоранчо Јованчев (ВМРО-ДПМНЕ) со 506.153 денари и листата рекордери ја завршува Миле Лефков (ВМРО-ДПМНЕ) со 488.905 денари.

Спасова присуствувала во Собранието 80 дена од годината или во просек 126 евра за секој ден. Талевски бил во Собранието 83 дена, во просек 119 евра за секој ден. Кочовска била во Собранието 84 дена, или по 108 евра за секој ден. Ангелика Петкова присуствувала во Собранието 84 денови, или 105 евра за секој ден. Ефтимов бил во Собранието 86 денови или просечно по 100 евра за секој ден присуство. Следна е Ѓавочанова со 87 денови во Собранието или во просек по 98 евра за секој ден. Панчо Минов бил во Собранието 84 дена, односно по речиси 100 евра за секој ден присуство. Јованчев бил во Собранието 81 ден, а земал по 102 евра за секој ден. Последен на листата рекордери е Миле Лефков со 84 денови во Собранието, односно во просек по 95,5 евра за секој ден.

Инаку Панчо Минов, согласно анкетниот лист има стан во Скопје, но сепак земал патни трошоци.

Овие десетмина ги чинеа граѓаните на Република Македонија речиси 100.000 ЕВРА!

И останатите не се „за фрлање“. Можеби не се во топ десет, но имаат огромни суми на пари за патни тошоци, а богами и станови во Скопје.

Меѓу нив и Никола Мицевски (ВМРО-ДПМНЕ) со 401.462 денари, Петар Ристески (ВМРО-ДПМНЕ) од Прилеп, со земени 313.277 денари, Олга Лозановска (ВМРО-ДПМНЕ) со 324.180 денари, Коле Чаракчиев (СДСМ) со 429.039 денари, Дафина Стојаноска (ВМРО-ДПМНЕ) со 392.313 денари и четири станови во Скопје како што покажуваат податоците од анкетниот лист, Белкиса Зеќири (СДСМ) 403.804 денари.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски поднел два закони, во Собранието бил 74 дена, а отсуствувал 15 пати. Петар Ристески имал седум излагања на пленарни седници, Олга Лозаноска била поактивна и имала 15 излагања на пленарна седница.

Од албанскиот блок во Собранието рекордер, иако не е во топ 10 е пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели со неверојатни 429.450 денари.

Ова не се сите пратеници, туку само рекордерите по земени патни трошоци со суми околку 200-300 илјади денари, но важно е да се напомене дека сите пратеници ја чинат Македонија вкупно 19.519.200 ДЕНАРИ или 320 ИЛЈАДИ ЕВРА!

Има и позитивни примери секако, пратеничката Соња Мираковска од НСДП земала само 47.888 денари за една година.

Инаку дел од рекордериве секојдневно кажуваат дека имало економска криза, дека во Македонија никогаш не се живеело полошо, а земале по 13 илјади евра за патни трошоци. Дали народов имал некаква корист од нив, освен секојдневниот политички циркуз, оценете сами. Многу веројатно голем дел од споменатите воопшто не сте ни слушнале дека постојат, но секојдневно ги плаќате.

Најскапиот циркуз во светот сепак е во Македонија, 320 илјади евра за една година, па да беа барем смешни…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…

Повторно се создава паралелна власт во институциите,…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…