Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

t

Најниска температура од -3 степени утрово во земјава е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат Тетово, Штип и Струмица со -2 , -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија и во Кавадарци, 0 степени во Куманово и Велес, 1 Лазарополе и Виница, 2 во Охрид, Дебар, Прилеп и Гевгелија, 3 во Претор, Попова Шапка и 4 степени во Маврови Анови и Крушево.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова…

Најниска температура од -3 степени утрово во…

Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската…

Во операцијата во Курск, непријателот веќе загуби…

Нов земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…

Египет ќе добие 1,2 милијарди долари од…

Египетскиот министер за финансии Ахмед Кучук денеска…

“Ќе го нокаутирам Винисиус за 10 секунди“!

Винисиус Жуниор иако е одличен, фантастичен фудбалер…