Најчевска: Замислете Бугарите да препознаеа постоење на нивната територија луѓе кои се сметаат за Македонци

t

По повод настаните поврзани со денешните настани во Скопје, поклонувањето на гробот на Гоце Делчев во Свети Спас од страна на бројните делегации, но под силно и досега најголемо полициско обезбедување, професорката Мирјана Најчевска на својот профил на Фејсбук постави многу едноставно прашање:

-Замислете Бугарите да не гледаа како сосед со кој може да соработуваат наместо како забрането овошје.

Замислете Бугарите да ја препознаваа и признаваа нашата различност и да сакаа комуникација со нас вакви различни од нив.

Замислете Бугарите да ги прифатеа фактите и да ја препознаеа својата историја (и онаа добрата и онаа лошата) и да исчекорат од неа.

Замислете Бугарите да препознаеа постоење на нивната територија луѓе кои се сметаат за Македонци.

Замислете Бугарите да ни дадеа шанси да ја градиме заедничката иднина врз основа на фактичките сличности, сличните проблеми и споделениот простор на Балканот, наместо да не тераат сосила да станеме нешто што не сме сакале и не сакаме да бидеме.

Што мислите, дали тогаш ќе имаше потреба од полиција на една преубава прослава на денот на раѓањето на еден од оние ретки умови на Балканот кој се борел за почитување на различноста, за социјална правда и заедничко битисување на рамноправните луѓе и народи?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ