На аеродромот во Вашингтон се судрија два авиони, во едниот имало неколку конгресмени
На аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон, авионот на „Американ ерлајнс“ во кој се превезувале неколку американски конгресмени, денеска со врвот на крилото удрил во друг авион на истата компанија, додека бил на такси патека, нема повредени, соопшти денеска Федералната управа за авијација (ФАА).
Двајца конгресмени кои биле во авионот изјавиле дека нема повредени, пренесе Ројтерс.
ФАА наведува дека авионот „Бомбардиер ЦРЈ 900“, кој летал за Чарлстон, Јужна Каролина, удрил во авионот „Ембраер Е175“ кој се движел кон аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.
На истиот аеродром на крајот на јануари се судрија патнички авион и борбен хеликоптер. Загинаа 67 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ирански министер: Израелските напади немаше да се…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
На аеродромот во Вашингтон се судрија два…
На аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон, авионот…
Лажна информација од Вашингтон за миг вртоглаво…
Aмериканските акции за миг забележа краткотрајно закрепнување,…
Вашингтон ја преиспитува суспензијата на помошта за…
Белата куќа синоќа соопшти дека ја преиспитува…
Зеленски во петок ќе отпатува за Вашингтон
Новиот договор, наводно, не го содржи првичното…