На Албански па на Македонски: Законот за јазици дојде по своето во институциите и го дисквалификуваше македонскиот јазик
Огромен револт кај граѓаните предизвика објавата на Министерството за здравство, на социјалната мрежа Инстаграм, каде информираат за добрата намера и големиот чин на донирање органи кои спасиле неколку човечки животи, прво информираат на Албански јазик, па потоа на Македонски јазик.
Имено, во коментарите на објавата може да се забележи револтот на граѓаните поради неправилната примена на законот за јазици од страна на службите за односи со јавноста при министерството за здравство.
Со ресорот после новата реконструкција на владата раководи стоматологот Беким Сали од Алтернатива.
Објавата ја пренесуваме интегрално:
„Në orët e mëngjesit të djeshëm, një familje e guximshme vendosi të dhuronte organet e një të afërmi të tij, të cilit i ishte konfirmuar vdekja e trurit.
Pas përgatitjeve dhe koordinimit ndërmjet ekipeve të klinikave interne dhe kirurgjike,
në orët e vona të natës ka filluar eksplantimi, e menjëherë më pas edhe transplantimi, fillimisht i zemrës, ndërsa në mëngjesin e sotëm edhe i të dy veshkave.
Një pacient i ri iu nënshtrua transplantimit të zemrës, ndërsa te dy pacientë me dializë tashmë po transplantohen veshkat. Ndërkaq disa pacientë të tjerë në ditët në vijim do të mund t’i marrin indet kockore.
Me humanizmin e tyre dhe vendimin për t’i dhuruar organet, kjo familje u dha jetë të paktën tre pacientëve, ndërsa të gjithë neve na solli një mëngjes plot shpresë.
Dhe ne u jemi pafundësisht mirënjohës atyre për këtë.
Falënderime edhe ndaj ekipeve mjekësore të të gjitha klinikave të përfshira në eksplantim dhe transplantim, të cilët gjatë 24 orëve të fundit punuan pa u lodhur dhe që akoma vazhdojnë të punojnë.
Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт.
По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега.
Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.
Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.
И за тоа сме им бескрајно благодарни.
Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат.“ – Пишува во објавата од министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…
МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…
Министерството за здравство информира дека над 50…
(Фото) На вмровски инстаграм профил ВМРО-ДПМНЕ губи…
На анкетата на пролфилот Патриотско друштво на…
Судска медицина ќе ја утврдува причината за…
Министерството за здравство во врска со смртниот…
На распит пред Анкетната комисија актуелни и…
На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…