На Виктор Стојанов му е забрането да влезе во Македонија на „неодредено”

t

Провокативниот претседател на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, уште неодредено време не ќе може да доаѓа во земјава. Бугарскиот портал „Лупа“ вели дека на Стојанов му бил забранет влезот во Македонија доживотно, додека самиот тој во изјавата нагласува дека тоа е на „неодредено време“.

Во изјавата за порталот тој вели дека имал забрана за влегување во Македонија на 15 месеци и кога истекол тој период се упатил кон Скопје, но бил вратен од границата каде што му било соопштено дека забраната била продолжена на неодредено време.

Стојанов, кој е еден од главните подбуцнувачи за влошувањето на односите меѓу Софија и Скопје и кој редовно упатува редица навреди кон овдешниве политичари и други личности, се чуди зошто не можел да влезе во Македонија.

Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Јас немам ни казна за непрописно паркирање таму, но непожелен сум. Во Македонија имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ја запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа. На тој начин нештата нема да останат незабележани“, вели тој.

Тој вели дека главен виновник за влошените односи меѓу двете земји бил претседателот Стево Пендаровски, затоа што постојано уривал мостови, како и некои македонски опозициски партии.

Стојанов ја продолжува и пропагандната приказна на некои бугарски политичари и вели дека во Албанија живееле 100.000 Бугари и затоа фондацијата „Македонија“ била активна таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…

Да помогнеме за лекување на 19-годишниот Виктор…

На 19-годишниот Виктор Боневски од Скопје му…