Објавено на:

На возачот кој газеше луѓе во Ливерпул му се заканува доживотен затвор?

t

Во Ливерпул, местото на големата прослава на шампионската титула на овој клуб се случи вистинска драма кога британскиот државјанин Пол Дојл со својот автомобил влета меѓу навивачите и почна да гази луѓе.

Инцидентот се случи во понеделникот, а според информациите од локалните власти, повредени се 79 лица, од кои четворица се во критична здравствена состојба. Меѓу повредените има лица на возраст од девет до 78 години.

Дојл денеска се појави пред судот на првото сослушување и се соочува со сериозни обвиненија за предизвикување тешки телесни повреди. Според правни извори, доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотна затворска казна.

Полицијата го уапси осомничениот веднаш по инцидентот и ја извести јавноста дека станува збор за изолиран случај, а не за терористички напад. Засега не е обелоденет мотивот за нападот.

Истражните органи продолжуваат со работа на случајот, додека граѓаните на Ливерпул се уште се под шок од настанот кој ја засени радоста по големиот спортски успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На возачот кој газеше луѓе во Ливерпул…

Во Ливерпул, местото на големата прослава на…

КОЛА СЕ ЗАБИ ВО ТОЛПАТА НАВИВАЧИ ЗА…

Автомобил се заби во толпа луѓе на…

(Видео) Фудбалски судија со лакт удри фудбалер…

Премиерлигашите Ливерпул и Арсенал приредија вистински фудбалски…

Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед со 7:0

Ливерпул вечерва го декласира Манчестер јунајтед со…

Трансфер бомба: Елмас се сели во Ливерпул?

Од Островот доаѓаат неверојатни вести. Јирген Клоп…