На вработените во УСАИД во Вашингтон им стигнало неочекувана порака: „Седете дома, не доаѓајте на работа“
Главната канцеларија на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Вашингтон неочекувано беше затворена во понеделникот и на работниците им беше испратена електронска пошта дека не треба доаѓаат на работа и да останат дома, тврдат повеќе извори запознаени со ова прашање.
„По наредба на раководството на Агенцијата, седиштето на УСАИД во зградата на Роналд Реган во Вашингтон, ќе биде затворено за персоналот на Агенцијата во понеделник, 3 февруари 2025 година. Исклучок ќе има само за персоналот со суштински функции за одржување на лице место и згради, со кој поединечно контактира високото раководство“, се вели во е-поштата, која ја објави Си-Ен-Ен.
Тоа е најновиот застрашувачки знак за долгогодишната меѓународна агенција за помош, која се најде на ударот на претседателот Доналд Трамп и напорите на Илон Маск да ја реформира федералната влада. Трамп и неговите сојузници рекоа дека агенцијата, создадена од Конгресот како независно тело, е отворено партизирана и поволна за Демократите.
Во разговор за X Spaces рано во понеделникот, технолошкиот претприемач рече дека Трамп се согласува дека агенцијата треба да биде „затворена“ по неколкудневните шпекулации за нејзината иднина, откако нејзиното финансирање беше замрзнато и десетици нејзини вработени беа пуштени на одмор. Маск рече дека се консултирал со Трамп „неколку пати“ и Трамп потврдил дека сака да ја затвори агенцијата, која доделува милијарди хуманитарна помош и развојни средства годишно. Си-Ен-Ен побара коментар до Белата куќа и УСАИД.
Трамп за УСАИД рече: „Тоа го водат еден куп радикални лудаци. Ќе донесене наскоро одлука за идниниата“.
Логото и фотографиите на УСАИД кои ја прикажуваат хуманитарната работа што агенцијата ја врши ширум светот беа отстранети од нејзините канцеларии минатата недела, изјавија за Си-Ен-Ен повеќе извори запознаени со ситуацијата.
„Сите визуелни елементи се отстранети. Ова се како големи фотографии од нашата работа во земјите во развој кои се во нашите ходници, во нашите галии, во заеднички кујни, ходници“, рече вработен во УСАИД.
„Исто така, дојде наредба до поединечни бироа и канцеларии да се отстранат сите уметнички дела и логоа на УСАИД“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…