На граничниот премин Табановце се чека околу половина час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 15 до 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…