На дел од онколошки болните им доцни таблетарна терапија – од Онкологија се надеваат лековите да стигнат до петок
Сашко Стоилов е 55 годишен онколошки пациент од Скопје кој веќе 8 дена е оставен без таблетарна терапија која редовно ја примал од месец август. Тој за телевизија 24 ја раскажа неговата борба со карциномот на дебелото црево но и со институциите кои според него, не ја набавувале терапијата навремено. Вели дека минатата среда после 3 часа чекање на Онкологија, му било соопштено дека неговиот лек го нема.
Сашко Стоилов, онколошки пациент
– Терапијата ја примам од осми месец, таблетарно ја викаат, две недели ја примаш па две недели одмараш па повторно две недли примаш и две одмараш и така према докторката тоа што го одредува како терапија. На 15.10 минатата среда појдов најнормално чекаме сите апциенти во ходник од метар ипол и три ипол часа чекавме и на крај ни вика докторката нема терапија. Кога отидов на шалтер мора да го пријавиш и ми виока дај ми телефонски број па кога ќе добиеме ќе ви се јавиме. Па и реков кога ќе умрам мене тогаш не ми треба терапија. Сега ми треба додека сум жив.
Стоилов вели дека за тоа што нема лекови на Онкологија и тоа што многу пациенти се оставени без терапија треба да има одговорност.
Сашко Стоилов, онколошки пациент
– Доколку некој престапи со својата одговорност дали е магационер, дали е дирекотр, дали кој е одговорен на тоа одделение за набавка на лекови треба да сноси одговорност. Јас како камионција ако поминам на црвено и ако згазам пешак ќе одговарам така да и тие за ова треба да одговараат. Тоа да им биде јасно.
Телевизија 24 го контактираше и директорот на Клиниката за Онкологија доктор Игор Стојковски. Тој рече дека најдоцна до петок лековите ќе бидат доставени до Клиниката. Според него, проблемот е во дистрибутерите.
Игор Стојковски, директор на Клиника за Онкологија
– Има со дистрибутерот некој проблем и мислам дека во текот на денешниот ден или петок ќе го достави. Од наша страна е се постапено. Требаше денеска но веројатно ќе биде во петок. Тие лекови се и на позитивна листа и да ги нема се подложни на рефундација од страна на Фондот.
Проблемот со недостиг на онколошка терапија веќе некое време се провлекува постојано. Пред некое време, со недостиг на онколошки лекови се соочија и пациентите со рак на дојка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На дел од онколошки болните им доцни…
Сашко Стоилов е 55 годишен онколошки пациент…
70-годишен пензионер е човекот кој пукал во…
Српските власти излегоа со детали околу денешниот…
Тасевски: M-НАВ има право и овластување да…
Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ)…
Ѓорѓиевски: Скопјани се дават во отпад поради…
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела…
„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија…
Проблемот со ѓубрето е апсолвирана тема, здружено…