На денешен ден во мистериозни околности загина Сашо Гешовски – Првата официјална жртва на воените конфликти кои се случуваа при распадот на СФРЈ

t

На денешен ден, 6 мај во 1991 година, во Сплит, Хрватска загина Сашо Гешовски, првата официјална жртва на воените конфликти кои се случуваа при распадот на СФРЈ.

Убиството на Гешовски остана мистерија, а неговите родители не дознаа како згасна животот на нивното чедо.

На 6 мај  точно во 11 часот во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски. Сашко утрото на 6 мај бил на должноста стражар во командата на Военопоморската област во Сплит.

Во конфликтите загинаа вкупно четириесетина македонски државјани кои во тој момент биле дел од ЈНА.

На 6 мај во 2011 година точно во 11 часот кога во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски, во организација на кавадаречкиот градоначалник и фамилијата Гешовски на градските гробишта во Кавадарци била одбележана дваесетгодишнината од трагичниот настан. Почит кон Гешовски и кон жртвите од распадот на СФРЈ оддал и тогашниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Тоа што не знаеме како загина нашиот син уште повеќе нѐ боли“, велат Гешовски, потсетувајќи се на кобниот 6 мај 1991 година. Сѐ уште не можат да поверуваат дека Сашко го нема. „Дојдоа многу политичари да изразат сочувство, но сакав да бидам што повеќе време за последен пат до мојот син, вели Цвета, мајката на Сашко, во изјава за медиумите дадена пред неколку години.

Вечна слава на загинатите македонски херои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ