На денешен ден во 1986 година загина вториот поглавар на МПЦ-ОА г.г Ангелариј

t

На денешен ден, 15 јуни, во 1986 година во сообраќајна несреќа почина вториот поглавар на Македонската Православна Црква, господин господин Ангелариј.

Архиепископот загина во мистериозна сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Велес, кај кавадаречкото село Фариш.

Сопатничка во службениот „мерцедес“ на архиепископот му била неговата внука Татијана, тогаш студентка, која ја преживеа несреќата, во која освен г.г. Ангелариј, загина и службениот возач на „мерцедесот“.

Г.г. Ангелариј е роден како Цветко Крстески, во прилепско Долнени, на 25 март 1911 година и беше втор поглавар на МПЦ, носејќи ја титулата Архиепископ охридски и македонски. Роден е од татко Костадин, кој бил свештеник, и мајка Ѕвезда. Неговиот брат, Пецо Крстески бил учесник во НОБ и загинал во 1942 година. По основното образование во Долнени и во Прилеп, во 1926 година се запишал на средно богословско училиште „Св. Јован Богослов“ во Битола кое го завршил во 1931 година.

Во 1932 бил ракоположен во чин ѓакон во црквата „Св. Димитрија“ во Битола, а истата година во црквата „Св. Богородица“ бил назначен за свештеник и станал парох во дебарското село Гари, каде служел до 1937 година. Потоа парохиски свештеник бил во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп од 1937 до 1961 година и архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво.

Свештеникот Цветко Крстески учествувал во НОБ, а бил и член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ.

Тој учествувал во работата и на Првиот македонски црковно-народен собор во Скопје во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. За своите заслуги бил одликуван со црвен појас, потоа со граден крст во 1959 година и со највисокото свештеничко одликување протоереј – ставрофор.

По војната студирал на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во 1961 година бил назначен за парохиски свештеник при црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ во квартот Фицрој во Мелбурн во Австралија, каде што ја основал и првата македонска православна црковна општина, а за време на неговата служба била изградена првата македонска призната црква во дијаспората.

Во Мелбурн служел од 1961 до 1964 година. По враќањето во Македонија во 1964 година бил на служба во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп, а по смртта на неговата сопруга, во 1972 година, ја прифатил поканата на Синодот на МПЦ и се замонашил под името Ангелариј. Во 1975 година од САС на МПЦ бил хиротонисан за епископ Пелагониски, а на 5 јули 1977 година за Дебарско-кичевски митрополит, како и администратор- сотрудник на болниот митрополит Преспанско-битолски, Климент.

Архиепископот покрај неговата црковна дејност останува познат по залагањата за македонскиот народ и неговиот говор на гробот на Гоце Делчев каде побарал обединување на македонскиот народ и македонската држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…

Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

На денешен ден во 1986 година загина…

На денешен ден, 15 јуни, во 1986…