Објавено на:

На денешен ден е роден големиот цар – незаменливиот Ѓорѓи Колозов

t

На денешен ден, 26 февруари во 1948 година, е роден Ѓорѓи Колозов, последниот македонски цар и Господ – еден од најпознатите и најдобрите македонски глумци со кого израснаа многу генерации.

Роден е во Богданци, а почина на 13 октомври 2003 година во Скопје. 

Најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ во легендарните македонски народни приказни. 

Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, како и во соседните држави на Балканот.  

Години поминуваат од неговото раѓање и смрт, а неговата популарност сеуште трае и ќе трае додека постои овој македонски народ! 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ