На денешен ден: Македонците и Грците се кренаа против бугарскиот фашистички окупатор – Востание со 3000 жртви!

t

Драмското востание е кренато на 29 септември 1941 година од стана на грчкиот и македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор под раководство на Комунистичката партија на Грција.

Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во др. места. Бугарските окупатори го задушиле востанието при што биле убиени околу 3 000 души.

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат.

Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правищко. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот.

Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието се убиени 3 000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска.

Извори:
1.Хр. Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944), Скопје, 1968

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белград ѝ се заблагодари на Грција за…

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…

Грција е „чувар на европската траекторија на…

Премиерот Киријакос Мицотакис ја повтори поддршката на…

Земјотрес од 4,8 степени на третиот крак…

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Вереницата на синот на Трамп ќе биде…

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли…