НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пиколомини го запалил Скопје кое горело два дена, во Сарај е осветен темелот на црквата Св. Злата Мегленска

t

На денешен ден, 26 октомври, во 1689 година по наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запалила Скопје, кое горело два дена.

Австријците го запалиле градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не била запрена од огнот. За кусо време изгореле многу куќи, дуќани и други градежни објекти.

Покрај загубите што му биле нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеле и умреле од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.

Други настани на денешен ден:

Во 1820 година во селото Кучевиште, Скопско, бил роден Натанаил Кучевишки, митрополит, професор и еден од водачите на Кресненското востание во Македонија против турската власт. Умрел во Пловдив, на 18 септември 1906 година.

Во 1925 година во селото Брусник, Битолско, е роден Бошко Станковски, учесник во НОБ и носител на Партизанска споменица 1941 година. На 28 април 1982 година бил избран за претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Функцијата претседател на Собранието Бошко Станковски ја извршувал до 28 април 1984 година. Трагично го загубил животот на 13 март 1987 година. За повеќегодишната општествено-политичка активност Бошко Станковски бил лауреат на повеќе признанија: Орден на Републиката, Орден на трудот со црвено знаме, Орден братство и единство со сребрен и со златен венец и Орден за храброст.

Во 1993 година во Загреб било основано Хрватско-македонско друштво.

Во 1996 година Во Сарај, кај Скопје, бил поставен камен-темелникот на новата црква „Света Великомаченица Злата Мегленска“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пиколомини го запалил Скопје…

На денешен ден, 26 октомври, во 1689…

Фон дер Лајен ја откажа средбата со…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Грција забележала 106 нарушувања на воздушниот простор…

Главниот штаб на грчката национална одбрана документираше…

Никој не оспорил дека Бугарите треба да…

Мислам дека досега никој не оспорил дека…

(Архива) Јанушев: Граѓаните не ни дале право…

(Архива) Објавено на 29 март 2023 -Уцената…