На Додик му зовре за Косово и списка: „Малиот ситен измамник и манипулант, просјакот на политичката сцена“

t

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина реагираше по честитката на Жељко Комшиќ на Косово.

Додик изјави дека последната провокација на претседавачот на Претседателството на БиХ Комшиќ најкратко може да се објасни како „честитка на лажна држава од лажен член на Претседателството, со лага дека тоа го прави во име на БиХ“.

„Малиот ситен измамник и манипулант, просјакот на политичката сцена не може поинаку освен со провокација. Комшиќ и вчера ги демонстрираше своите дострели кога станува збор за заедничкиот живот во БиХ“, кажа Додик.

Според него, на Комшиќ воопшто не му е гајле за Косово, туку неговата намера е да ги испровоцира Србите.

„Тоа му е секоја политика откако како лажен Хрват беше подметнат на изборите“, порача Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

Снегот предизвика колапс во БиХ: Луѓето заглавени…

Снег врне во поголем дел од Босна…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…

ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…

Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…

Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…