На Ивица Дачиќ му испратиле писмо со 3 куршуми внатре
Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени 3 куршуми.
При безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, било утврдено дека во пликот има куршуми.
Истрагата утврдила дека пликот бил предаден на 26 август во канцеларијата на Поштата на Србија во Пожаревац.
Полицијата го идентификувала и го пронашла лицето кое го предало пакетот, а понатамошната работа за утврдување на сите околности на настанот е во тек.
Министерството за внатрешни работи на Србија нагласи дека презема сите мерки и дејствија пропишани со закон со цел да се заштити безбедноста на граѓаните и институциите на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Ивица Дачиќ му испратиле писмо со…
Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при…
Ристески демантира дека бил нападнат во Прилеп:…
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески - Пеката…
СДСМ: Зеленчукот поскапе 63%, овошјето 33% а…
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им каже на…
Захарова: Безбедносните гаранции за Украина не треба…
Безбедносните гаранции за Украина не треба да…
Светската програма за храна на ОН: Гладта…
Директорката на Светската програма за храна на…