На кое место во Македонија е најстудено и каде има најмногу додж?
На Попова Шапка утрово е најстудено, четири степени, а максимални 19 степени се измерени во Струмица.
Според УХМР, на Попова Шапка се измерени и најмногу врнежи, во изминатите 24 часа вкупно 14 литри на метар квадратен.
До 8:30 часот утрово температурата е седум степени во Лазарополе, 8 во Маврови Анови, 9 во Крушево, 10 во Претор, 12 во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп и Куманово, 13 во Скопје Зајчев Рид и Дебар, 14 во Гевгелија и Берово, 16 во Крива Паланка, Виница и Дојран, 17 во Скопје-Петровец и Штип, како и 18 степени во Демир Капија.
Најмалку врнежи изминатите 24 часа имало во Охрид, два литра на метар квадратен. Измерени се и 12 литри во Пожаране и Маврови Анови, 11 во Лазарополе, 10 во Тетово, 7 во Претор, 6 во Прилеп, 4 во Битола и Крушево, како и 3 литри во Скопје-Зајчев Рид и Дебар.
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Максималната температура нема многу да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне. Максималната температура ќе биде околу 17 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…