На конкурсот за Воена академија се избрани само најдобрите кандидати – соопштуваат од Министерството за одбрана
После реакциите од јавноста за конкурост на прем на кандидати во АРМ, Министерството за одбрана излезе со соопштение за јавноста
Соопштение до јавноста
Во врска со одредени јавни реакции и обвинувања поврзани со процесот на прием на кандидати за офицери со завршен прв циклус на студии, за потребите на служби во Армијата, сакаме да ја информираме јавноста дека во објавениот Конкурс е јасно и прецизно наведено по колку лица се потребни за секоја служба поодделно. Дополнително во Конкурсот е наведено дека вкупниот број на кандидати ќе биде распределен во две групи, согласно тековните капацитети за обука на Воената академија.
Сепак, за да биде јавноста целосно информирана, посочуваме дека во првата група се избрани најдобрите кандидати и истите се веќе известени за нивниот прием и за датумот на почеток на обуката.
За сите останати непополнети работни позиции по служби за кои што аплицирале кандидатите, би сакале да нагласиме дека, најдобро рангираните кандидати кои ги исполниле конкурсните критериуми ќе бидат примени, а од страна службите веќе се информирани дека ќе бидат повикани во втората група курсисти. За овие кандидати, почетокот на обуката е предвиден за околу шест месеци, односно по завршување на курсот на првата група.
Оваа поделба на две групи беше планирана токму поради реалните капацитети на Воената академија во моментот, кои овозможуваат квалитетна едукација за ограничен број на курсисти истовремено.
Дополнително, укажуваме дека согласно конкурсот и потребниот број на кадар по одделни служби, за одредени служби не се пријавил ниту еден кандидат, додека за други, конкуренцијата беше исклучително голема – во некои случаи и повеќе од двојно од потребниот број.
За службите каде што нема пријавено кандидати, Министерството за одбрана ќе објави нов конкурс, при што јавноста ќе биде навремено известена.
Министерството за одбрана уште еднаш ја истакнува својата целосна посветеност на принципите на законитост, транспарентност и објективност во сите фази на процесот на прием на кандидати, со единствена цел – да се обезбеди најквалитетен и најподготвен кадар за потребите на Армијата.
Уште еднаш нагласуваме дека најдобрите кандидати за останатите места кои останаа непополнети согласно конечната ранг листа се избрани и истите се веќе информирани дека ќе бидат во втората група.
Со почит, Министерство за одбрана , пишува во соопштението на Министерството за одбрана
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На конкурсот за Воена академија се избрани…
После реакциите од јавноста за конкурост на…
Во пукањето во Батинци загина припадник на…
Педесетгодишен припадник на Армијата со иницијали А.М.…
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата…
Претседателката, согласно Законот за управување со кризи,…
Украдено возило на АРМ кое било оставено…
Украдено возило во сопственост на Армијата кое…
ЕУ додели дополнителни 15 милиони евра помош…
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…