На новиот лидер на Алтернатива по македонската химна, сега му пречат и македонските банкноти

t

На новиот лидер на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, му пречат банкнотите кои според него не се соодветни за секуларна држава.

Во објава на Фејсбук Ибрахими вели дека „вас не ви е до секуларната држава, туку до државата која се осудува за геноцид“ како коментар на вчерашните случувања во Собранието каде претседателот на Собранието дозволи молитва за загинатите во Сребреница, во просториите на Собранието. Осуда за ваквиот настан имаше од сите политички партии, вклучувајќи ја и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но и од СДСМ и Левица.

Инаку новоизбраниот лидер на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, е пратеникот кој на 27 април ја пееше албанската химна во Собранието на Република Македонија. Алтернатива е дел од владејачката коалиција заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, а останува да видиме како коалиционите партнери ќе реагираат на оваа објава на Ибрахими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Химната да има два текста, предлага Ибрахими…

Претседателот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, смета…

Македонската химна полни 83 години

Македонската државна химна „Денес над Македонија“ ноќва…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…

На новиот лидер на Алтернатива по македонската…

На новиот лидер на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими,…

(Видео) НОВ СКАНДАЛ: „Тирана, Скопје и Приштина„…

УЕФА покрена истрага против Албанската Фудбалска Федерација,…