На овој граничен премин за влез во Македонија се чека повеќе од ДВА ЧАСА

t

За влез во Македонија, од грчка страна се чека повеќе од два часа. На граничниот премин „Евзони“, освен нервоза меѓу возачите, на секој пет минути избива и кавга. Додека едни стојат уредно во шест колони и чекаат, други, возејќи на дополнителни три-четири колони се обидуваат да ја избегнат гужвата и побрзо да стигнат до терминалите за пасошка контрола. Возачите револтирано свират и бараат побрзо да ја поминат границата.

„Ние сме со мали деца“, „И ние сме со мали деца“, „Ние чекаме два саати“, се дел од оправдувањата со кои возачи се обидуваат да воведат ред во хаосот.

Македонските возачи и Србите имаат меѓусебно разбирање и дозволуваат возила кои избегнуваат колони да влезат во редот за чекање до терминалот. Возилата со грчки регистарски таблици, не оставаат ниту минимум растојание од автомобилите пред нив, за да избегнат некој да влезе во колоната каде се чека и по два саати.

Дополнителен хаос прави и дождот. Многумина, границата ја поминуваат пеш, а потоа, влегуваат во фри-шопот, каде има нов хаос.

Претходно, Велигден ја наполни Грција со турсти. Голем дел граѓани отидоа кај јужниот сосед на продолжен викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…