На отчет пред партијата: ДУИ и денеска ќе ја оценува работата на нивните функционери

t

 Демократската унија за интеграција денеска во партиското седиште во Мала Речица ќе го одржи продолжението на конститутивната седница на новиот состав на партиското Централно претседателство.

ДУИ на конституивната седница почната на 30 октомври, која траеше речиси 12 часа, беше посветена на оценување на работата на партиски членови кои се функционери во извршната власт.

– Конструктивна дебата, прва конститутивна седница, се исцрпија точките во кои се именуваа структурите на ЦП и се даде отчетот на Извршната власт после тоа следеше разгледување на извештајот посветувајќи се на потребите на луѓето на секој проект поединечно и како да се подобри ефикасноста во имплементација на тие проекти во функција на граѓаните, така што дебатата продолжува на 19 ноември со цел да се исцрпи целата расправа и понатаму продолжуваме, изјави по средбата партискиот портпарол Бујар Османи.

На состанокот на Централниот совет на ДУИ одржана во Тетово на 15 октомври, за потпретседатели на партијата беа избрани Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организативен секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности.

Додека, пак, за во Централниот совет беа избрани Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…