На плоштадот во Кавадарци ќе биде отворена книга на жалост за Андреј Лазаров

t

На плоштадот во Кавадарци утре од девет часот ќе биде поставена книга на жалост за фудбалерот Андреј Лазаров кој беше една од жртвите во трагедијата во Кочани.

Лазаров го загуби животот како фудбалер на Шкупи, но во минатото неколку сезони помина и во дресот на клубот од Кавадарци, па така Тиквеш сака да оддаде почит на својот поранешен фудбалер.

„Општинскиот фудбалски сојуз – Кавадарци, утре од 9 часот на градскиот плоштад во Кавадарци ќе постави книга на жалост во чест на прерано згаснатиот живот на НАШИОТ ХЕРОЈ – АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ  кој даде огромен придонес со своите настапи за ГФК Тиквеш и фудбалот во град Кавадарци. Да дадеме последна почит за вечно да го  паметиме Андреј“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Книга на жалост за Лазаров отвори и Горица од каде што летово врати во Македонија и потпиша за Шкупи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре…

Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст…

Апел за помош: Подарете му на Андреј…

Андреј е четиригодишно детенце кое од две годишна…

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…