На повидок стабилизација на цената на нафтата на светско ниво: Трговците во исчекување на случките во САД
Фјучерсите на северноморскиот брент, европскиот репер, поскапеа за 13 центи на 72,82 долари за барел.
Американската лесна нафта поскапе за 12 центи, или 0,17%, на 69,27 долари за барел.
Од почетокот на неделата Брент е во пад од 8 отсто, а американската сорта за 6 отсто.
Суровата нафта „брент“ вчера се спушти на најниското ниво за повеќе од една година, бидејќи загриженоста за побарувачката на нафта во САД и Кина ја неутрализира поддршката од големото намалување на залихите на нафта во САД.
Залихите на сурова нафта паднаа за 6,9 милиони барели на 418,3 милиони барели, во споредба со очекувањата на аналитичарите за пад од само околу 1 милион барели, додаде Ројтерс.
Во меѓувреме, земјите извознички на нафта и нивните партнери ОПЕК + вчера се согласија да го одложат планираното зголемување на производството на нафта за октомври и ноември. Во пораката од организацијата додаваат дека дополнителните планирани зголемувања на производството може да се одложат или, доколку е потребно, да се откажат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…