На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката

t

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките на претпазливост што ги предложи Обвинителството за пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Со одлуката, на Јанчев привремено му се одземаат патната исправа и возачката дозвола, со што му се ограничува можноста да ја напушти државата и повторно да управува моторно возило. Целта на ваквите мерки е да се обезбеди негово присуство и непречено водење на кривичната постапка.

Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случи во неделата по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишен малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди доби сопатникот на Јанчев.

Според извршените анализи, ниту еден од возачите не бил под дејство на алкохол или други супстанции. Автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед, а во тек е и сообраќајно вештачење

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му…

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд…

Онколошка пациентка со остра порака: Не сте…

Академскиот сликар и онколошки пациент Анжелика Колева…

(Видео) Никој не им кажал дека може…

Пусти улици и празни куќни дворови –…

(Видео) Зеленски потврди: Им нанесевме тежок удар…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари…

Полска одобри присуство на странски војници во…

Варшава – Полскиот претседател Карол Навроцки денеска…