Пендаровски се огласи за плановите за федерализација на Македонија!

t

„Ако може Србите со четири отсто да имаат асоцијација и да имаат видливи права, тогаш очигледно дека тоа ќе има ефект и врз Албанците коишто се најмалку 30 отсто во Македонија и претендираат за истите права“, изјави Меџити.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е и предводник на т.н. „огнена група“ во партијата, го поддржува предлогот на опозициската Алтернатива за формирање заедница на албанските општини во земјава по примерот на Косово. Тој вели дека е очигледна потребата да се придвижи процесот на децентрализација во интерес на општините, но и во интерес на граѓаните, бидејќи таа власт е најблиска до нив.

Политичката партија Алтернатива, која неодамна реши да излезе од власта и да премине во опозиција, преку соопштение повика да се започне иницијатива за формирање „заедница на албански општини во Северна Македонија“, по моделот за формирање ваква заедница на српски општини во Косово.

Алтернатива нема градоначалник ниту во една општина во земјава, па затоа ракавицата ја фрла кон другите партии: ДУИ, Алијанса за Албанците (АА) и Беса.

„Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот ’да се формира Заедницата на српските општини во Косово‘, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Северна Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање заедница на албанските општини во Северна Македонија со истите надлежности што се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“, соопштија од Алтернатива.

Поради се погласните најави за федерализација на државата од страна на претставниците на албанскиот политички блок во Македонија, Инфомакс побара одговор од претседателот на државата Стево Пендаровски имајќи во предвид дека токму тој како врховен командант дава заклетва за штитење на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Во кусиот одговор од кабинетот на Пендаровски се вели дека Македонија и Косово не можат да се споредуваат и дека прашањата за правата на албанското малцинство во државата се затворени со целосното спроведување на Охридскиот рамковен договор.

-Во врска со вашето прашање, претседателот Пендаровски смета дека политичките контексти во Македонија и Косово се потполно различни и не може да се споредат. Прашањето за статусот и правата на етничките заедници кај нас се решени со Охридскиот рамковен договор, велат од кабинетот на Пендаровски.

Неприфатлива и несериозна е идејата на Африм Гаши и неговата партија за формирање на Заедница на албански општини. Дел од владеачките партии вака го оценуваат барањето на од неодамна – опозициската „Алтернатива“. СДСМ, ДУИ и „Алијанса за Албанците“ категорично ја отфрлија оваа иницијатива, а со став се јавија и помалите партии.

Сепак најжесток одговор од власта имаше токму партијата ДУИ која ги окарактеризираше изјавите на Меџити и на Гаши како патетични, антиамерикански и антиевропски.

„Патетично, антиамериканско и антиевропско и оди на штета на конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по доживеаното фијаско и целосно погрешно и деструктивно распоредување“, велат од ДУИ.

Жестока реакција за иницијативата за создавање на „Заедница на албански општини во Македонија“ имаше и од политичката партија Левица.

-Сегашната констелација на албански малцински партии е потполно отуѓена од потребите кои извираат од материјалните околности на нивното гласачко тело и својата неспособност и криминогена нарав пробуваат да ја сокријат преку игра на ниски страсти, дополнително подвлекувајќи ја нивната политичка импотенција. Но, повеќе од сè, политичкото дејствување на овие партии се гради врз мотиватори за целосна поделба на политичкиот и економскиот плен во државата на етнички линии. Првично, затоа што не можат да одговарат на потребите на населението и политичките прилики во општеството – тие се политички деструктивни, а понатаму за конечно и непречено да го земат во потполно заложништво албанскиот народ во државата чии политички интереси ќе се потчинат пред криминалните интереси на овие дегенеративни партии, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…