На првиот работен ден Муцунски патува во Луксембург

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург, каде ќе учествува на Состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Настанот се одржува во рамки на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во организација на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

На состанокот ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во нашиот регион.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе присуствува на аудиенција кај Големиот војвода од Луксембург, Анри, како и на работна вечера со министрите за надворешни работи на Европската унија и Западен Балкан на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи и надворешна трговија на Луксембург, Ксавие Бетел.

Муцунски од Луксембург ќе продолжи во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку системот за итна помош Луксембург транспортираше…

Преку својот систем за итна помош, Луксембург…

Шестмина Бугари уапсени за проневера на 62…

Шестмина Бугари осомничени за измама на хуманитарна…

Луксембург – првата земја која воведе бесплатен…

Во 2020 година, Луксембург стана првата земја…

Во оваа земја луѓето живеат најубаво и…

Доколку ве интересира кои нации најдобро успеваат…

СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…

После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…