На „пржинската“ влада и се гледа крајот: И БЕСА против
– „Владата на Република Македонија и сегашното мнозинство секојдневно докажуваат дека немаат капацитет да ги водат државните институции. Секое пролонгирање на оваа нестабилна состојба може да има големи последици и политички но и за економијата на земјата“, велат од Движењето БЕСА во соопштение испратено до медиумите.
– „Иницијативата за промена на законот за влада, односно бришење на деловите од законот за техничката влада како чекор пред парламентарните избори е многу битно и секако ќе ја има поддршката на пратениците од Движењето БЕСА.
„Го потврдуваме нашиот став дека на државата и се потребни стабилни институции, политичка стабилност и конкретни чекори за економско закрепнување. За да се обезбеди тоа, повеќе од неопходно е земјата да оди на предвремени избори, затоа укинувањето на процедурите за техничка влада е чекор за забрзување на излезот на земјата од кризата што ја зафати и преку одржување на предвремени избори што е можно поскоро како единствено решение кое ќе донесе политички промени и ново мнозинство, стабилно и со јасна визија за иднината на државата, што оваа власт и мнозинството СДСМ-ДУИ немаат капацитет да го обезбедат, се вели во нивното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…