Објавено на:

На Сорос му прекипе, му објави “војна” на кинескиот претседател: Кина е најголема закана за отвореното општество

t

Основачот на Фондацијата Отворено општество, милијардерот Џорџ Сорос, повика на смена на кинескиот претседател Си Џинпинг, споредувајќи ги претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг во 2022 година со Олимпијадата во нацистичка Германија во 1936 година.

Сорос ја нарече Кина „најмоќната авторитарна држава во светот“ и „најголемата закана со која се соочуваат отворените општества денес“.

Сорос тврди дека Кина, „како и Германија во 1936 година, ќе се обиде да го искористи спектаклот“ на претстојните Олимписки игри во Пекинг „за да постигне пропагандна победа на својот систем на строга контрола“.
Тој, исто така, го нарече Кси „вистински верник во комунизмот“, за разлика од поранешниот кинески лидер Денг Ксијаопинг, кој воведе реформи на слободниот пазар и предупреди дека „Мао Це Тунг и Владимир Ленин се негови идоли“.

Сорос го заврши својот говор во институцијата Хувер со повик за промена на режимот во Кина.
Тој изјави дека се надева оти Си Џинпинг може да биде заменет со некој што ќе биде помалку репресивен, пренесува RT.

„Ова ќе ја отстрани најголемата закана со која се соочуваат отворените општества денес, и тие треба да направат се што е во нивна моќ за да ја поттикнат Кина да се движи во посакуваната насока“, рече Сорос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…

11 лица загинаа откако мост во Кина…

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…

Кина до НАТО: Добро размислете што правите…

Кина го советува НАТО да размисли за…