На Томина недела сите патишта водат кон 500 години старото светилиште во демирхисарско Граиште

t

Kaj демирхисарското село Граиште, во недопрена природа, се наоѓа 500 години старо светилиште – манастирот Св. Тома, или познат како Граиштански манастир, или Шути манастир.

Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.

На 27.04. (недела) кога се празнува христијанскиот празник Томина недела, сите патишта, не само од Демир Хисар и Демирхисарско, туку и од други градови водат кон ова светилиште.

До манастирот има асфалтиран пат, а на празникот ќе се одржи водосвет и осветување на леб. Чинот ќе започне во 10:30часот, а после пладне ќе има и добра музика.

За сите верници кои ќе го посетат храмот, домаќините ќе имаат приготвено вкусна манастирска чорба, па останува само да уживате во чистиот воздух, природата и топлото време.

Нека е за многу години!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следниот викенд повторно продолжен

По продолжениот викенд поради православниот празник Велигден,…

Дневен ХОРОСКОП за ПОНЕДЕЛНИК (11 април 2022)

Бикот е на прагот на нова љубовна…

Дневен хороскоп за 13 март

Овен Задоцнета готовинска исплата може да одложи…

Ковачевски бил црпнат од фабрика, знаел тој…

Премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата…

Стопанската комора пред Уставен суд ја оспорува…

Уставниот суд информира дека Стопанската комора на…