На Халанд не му се мрда од Сити
Ерлинг Халанд е една од најдобрите, ако не и најдобрата „деветка“ во светот во моментов. Се зборуваше дека Норвежанецот може да бара нов предизвик, но сепак ќе остане на „Етихад“.
Барселона беше заинтересирана за Халанд и веќе некое време Каталонците смислуваат финансиски план како да го привлечат најдобриот стрелец на Манчестер Сити да дојде во Каталонија, но се чини дека (засега) немаат решение.
Халанд и оваа сезона е во голгетерска форма. На вкупно 12 натпревари за Манчестер Сити, тој постигна дури 14 гола и продолжи таму каде што застана минатата сезона. Поради оваа причина, сега приоритет на Сити е да го продолжи договорот со Норвежанецот, а преговорите се започнати.
Халанд на „Етихад“ пристигна во 2022 година и оттогаш во дресот на тимот од синиот дел на Манчестер постигна 103 гола на 110 натпревари.
Според информациите со кои располагаат британските медиуми, на Халанд би му бил понуден договор до 2030 година.
Актуелниот му трае уште три години
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали…
Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека…
На Халанд не му се мрда од…
Ерлинг Халанд е една од најдобрите, ако…
Се јави Османи: Бугарите во Македонија се…
Уставните измени да се прифатат што поскоро…
Христовски: Одговорно тврдам дека во целост ги…
Именувањето на директор со одлука на Владата…
Австрија воведува нова годишна вињета, позната е…
ASFINAG објави дека новата самолеплива годишна вињета…